Во сто, можеби и повеќе автобуси, се довлечкаа во “Јане Сандански” зомбињата на вмро-дпмне на претставата наречена “Отчет”. Забележав и две ” Сетри” од Дизелдорф и Франкфурт и уште три од Австралија и Нов Зеланд! Луѓето ја божаваат оваа претстава, но првата асоцијацаја на автобуската инвазија не ми беше нивната љубов кон театарската уметност, туку еден филм од бурските, ми се чини, војни, во кој војниците на племето Зулу маршираа и јуришаа со своите копја и, особено, со издолжените штитови од бамбус.
Сиве овие ” манови”, “скании” и “сетри” ме асоцираа на тие штитови, дури ми дојде дека автобусот може да биде заштитен штит на Македонија, дека може да влезе во грбот и на знамето, на денарите и во меморандумите, на поштенските марки и во програмите за тетоважа!
“Отчет” е жанр на класичната манипулација со секоја примитивизирана, зомбирана, би рекол, маса. Тоа е, уствари, монодрама, обемен текст во кој на околу 10.000 страници се објаснува како за десет години се украдени десет милијарди евра.
Никој нема ништо против ако режисерот, сценаристот и главниот актер, како една персона, лапне 99 отсто од пленот, ако во преостанатите еден процент има за сендвичи, за пиво, за на бања или за вработување на дечицата на вмровидните родители.
Тоа е!
Јас го шетав Мајло и отидив да го пробам грашокот што го беше зготвила жена ми, а тие отидоа кај “Вили” по нова доза плескавци од лесковачко месо.
Фејсбук статус на Бранко Тричковски


