“ДУИ нема префериран партнер во македонскиот блок”, но има безусловни услови, односно услови според принципот “земи или остави”, значи услови околу кои партијата нема да преговара и кои го исклучуваат ВМРО-ДПМНЕ како партија со која интегративците би го правеле новото парламентарно мнозинство и новата влада на Република Македонија.
Дали тоа значи дека СДСМ може да биде партнер по мерка на ДУИ и нивните критериуми? Мислам да. Треба некоја нова мутација на вирусот на глупоста да направи пуздер во партијата на улицата “Бихаќка”, па да се случи екипата на Заев да не го прифати овој предизвик и да влезе во политички договор со Демократаката унија за интеграција.
Можам само да претпоставам дека резултатот од состанокот во Мала Речица е пораз на провмровските позиции на лидерот Ахмети и победа на силите на одговорноста, демократијата, правноста, европскоста, но мислам дека во овој момент тие работи треба да отстапат пред високите адмирации за ставот на ДУИ и на оценката за потенцијално историското значење на договорот од Мала Речица за Република Македонија! Сепак, да го почекаме развојот на стуацијата во наредните неколку денови, Македнија е позната како земја во која ништо не е така како што изгледа дека е!
Фејсбук статус на Бранко Тричковски


