На прес конференција во Софија министерката за земјоделство и храна Десислава Танева информираше дека заклучно со 30 јуни се исплатени сите субвенции за 2014 година по основ на директни плаќања и националната програма.
– Оваа година ќе биде исклучително тешка за администрацијата во фондот “Земјоделство”, бидејќи освен отворањето на приеми по новата програма за рурален развој се завршуваат проектите за 2007-2013 година, посочи Танева.
-До крајот на годината според старата програма треба да се исплатат речиси 500 милиони евра бидејќи Европската комисија не го продолжи рокот за искористување на овие средства. Бизнисот и администрацијата имаат тешка задача и затоа е потребно взаемно да си помогнат во процесот на завршување на проектите – изјави Танева.
Извор: Farmer.bg


