Бушар и Ли први полуфиналистки на Грен слемот во Мелбурн

На Грен слемот Австралија Опен што се игра на терените во Мелбурн познати се првите две тенисерки кои обезбедија пласман меѓу четирите најдобри. Кинеската На Ли и Канаѓанката Ежени Бушар по ноќешните победи над своите противнички в четврток ќе се борат за место во финалето.

Ли во првиот дуел од четвртфиналната фаза одигран ноќеска ја победи Флавија Пенета (Италија) со 2-0 по сетови 6:2 и 6:2.

Втората полуфиналистка Бушар беше подобра од Ана Ивановиќ (Србија) со 2-1 по сетови 5:7, 7:5 и 6:2.

Двојките за другите два четвртфинални дуели се:

Доминика Чибукова (Словачка) – Симона Халеп (Романија) и Агњешка Радванска (Полска) – Викторија Азаренка (Белорусија).

Овие средби ќе се одиграат утре.

]]>

Најчитани вести