Четворица уапсени поради „закана“ со пиштол кон Енди Мареј

Лондонската полиција соопшти дека уапсила четворица мажи, кои се осомничени дека со пиштол му се заканувале на британскиот тенисер Енди Мареј. Весникот „Сан“ објави дека настанот со наводните закани кон Мареј се случил на 6 ноември, кога четворицата осомничени зачукале на прозорецот на автомобилот на Мареј, барајќи од него да им се потпише на тениски рекет. Откако, шампиониот на Вимблдон го одбил нивното барање, тие се вратиле во своето возило, наведува „Сан“. Но, полицијата добила пријава од случаен минувач дека еден од четворицата мажи носел пиштол во раката. Во соопштението на Скотланд јард се наведува дека полициска патрола го запрела возилото со осомничените, но дека во автомобилот „не било пронајдено никакаво огнено оружје“.

– Возилото подоцна е запрено…, а четворицата мажи се уапсени под сомнеж за поседување на огнено оружје. Тие се одведени во притвор, но веќе следното утро се ослободени со кауција и имаат обврска да се јават во полиција кон крајот на јануари. Изврешен е претес на возилото, но огнено оружје не е пронајдено, се нагласува во полициското соопштение.

Најчитани вести