Словачката тенисерка Доминика Чибукова и Агњешка Радванска од Полска го сочинуваат вториот полуфинален пар на Грен слемот Австралија Опен.
Во првиот денешен меч на главниот терен во Мелбурн Чибулкова ја победи Симона Халеп (Романија) со 2-0 во сетови 6:3 и 6:0.
Понеизвесен натпревар одигра Радванска која влез во најдобрата четворка обезбеди преку Викторија Азаренка (Белорусија). Конечниот резултат е 2-1 за полската тенисерка, по сетови 6:1, 5:7 и 6:0.
Во првото полуфинале утре во 3 часот и 30 минути по полноќ ќе играат Ежени Бушар (Канада) – На Ли (Кина), а вториот полуфинален дуел е предвиден да започне во 5 часот по средноевропско време.
]]>


