Екипите на Чикаго и Орландо го одиграа најнеизвесниот натпревар од 12.те ноќеска во НБА лигата. Поуспешни беа „Биковите“ од Чикаго кои славеа победа од 128:125 по дополнителни 15 минути. Во основите 48 минути резултатот беше 101:101. Со ова победа Чикаго е на чекор до позитивен биланс, додека Орландо остана на само 10 победи во 39 одиграни натпревари.
Резултати на другите 11 ноќешни НБА дуели: Филаделфија – Шарлот 95:92, Вашингтон – Мајами 114:97, Бостон – Торонто 88:83, Милвоки – Мемфис 77:82, Минесота – Сакраменто 108:111, Њу Орлеанс – Хјустон 100:103, Сан Антонио – Јута 109:105, Феникс – ЛА Лејкерс 121:114, Портланд – Кливленд 108:96, Голден Стејт – Денвер 116:123 и ЛА Клиперс – Далас 129:127.
Вечерва играат: Атланта – Бруклин, Индијана – Њујорк, Хјустон – Оклахома.
Пласман Источна конференција: Индијана 30-7 (победи-порази), Мајами 27-10, Атланта 20-18, Торонто 19-18, Вашингтон 18-19, Чикаго 18-19, Детроит 16-22, Бруклин 15-22,…
Пласман Западна конференција: Сан Антонио, 31-8 (победи-порази), Портланд 29-9, Оклахома 28-10, ЛА Клиперс 27-13, Хјустон 26-14, Голден Стејт 25-15, Феникс 22-16, Далас 23-17,…
]]>


