Во случај да сте го пропуштиле тој момент, сопругата на Емануел Макрон, Брижит, се појавила видно фрустрирана пред да излезе од авионот, па ја ставила шаката во лицето на нејзиниот сопруг и оттурнувајќи го додека вратата од претседателскиот авион се отворала по пристигнувањето во Ханој, Виетнам во неделата
Брижит Маркон останала затскриена зад трупот на авионот, а единствено што можело да се види е нејзината испружена рака која го турка Емануел. Во меѓувреме, видно изненадениот Макрон бил целосно изложен на камерите и персоналот кој го чекал и се обидел да ја смири ситуацијата. Француската претседателска двојка потоа тргнала заедно по скалите на авионот, иако изгледало дека Брижит ја одбила раката на нејзиниот сопруг. Емануел Макрон подоцна проговори за непријатниот момент, велејќи дека тоа е безопасна „шега “.
Сепак, професионалниот читател на усни тврди дека моментот бил многу посериозен отколку што парот сакал да го прикаже, судејќи според невербалната комуникација на Брижит додека се симнувале по скалите, пишува Нова.рс.
French President Emmanuel Macron was slapped by his wife during a family dispute that was caught on camera.
— NEXTA (@nexta_tv) May 26, 2025
The incident occurred shortly after the French presidential plane landed in Vietnam.
What exactly enraged his wife remains unclear. pic.twitter.com/O8bnm4wVMC
„Додека се отвора вратата од авионот, претседателот Макрон се свртува кон Брижит. Изненадно во еден момент таа го турка во лице. Кога ќе сфати дека вратата е веќе отворена и дека персоналот го гледа нивниот однос, Емануел делува непријатно и брзо ја крева раката со присилно „здраво““, изјавил читател за Експрес.
Еден од членовите на екипажот, наводно, тогаш „видливо ги кренал рамениците и поминал со раката низ неговата коса во знак на непријатност“.
Што се однесува до Макрон, тој „се доближува до Брижит, а потоа смирено преминува на другата страна“, продолжува аналитичарот. „Неколку моменти подоцна ѝ дава знак да го следи со зборовите „Ајде“.
Откако му се заблагодарил на пилотот и намавна кон камерата – што аналитичарот го опиша како обид даго врати неговиот „јавен имиџ“ – парот се врти и се упатува надолу по скалите, каде што „работите повторно се замрзнати“.
„Тој ја подава раката кон неа; таа го игнорира и се држи за оградата. Додека поминува покрај него, се чини дека мрмори „Dégage, espèce de loser“, што во превод значи: „Тргни се, беднику“.
Макрон, наводно, одговорил: „Essayons, s’il te plaît“ – „Ајде да се обидеме, те молам“. Сепак, Брижит наводно отсечно возвратила: „Не“.
Читачот на усните додава: „Неговиот последен израз и зборовите „Je vois“ — „разбирам“ — кажуваат сè. Зборовите болат повеќе од ударот“.
„Редок, момент кој навестува подлабоки тензии меѓу двајцата. Вреди да се забележи, особено со преполниот дипломатски распоред што претстои“.
Брижит, која е 25 години постара од нејзиниот сопруг, го запознала Макрон кога бил ученик во средното училиште каде што таа предавала француски јазик. Двојката се венчаше во 2007 година, пред Макрон да ја започне својата кариера во јавната служба. Анализата доаѓа откако Макрон ги отфрли тврдењата дека станува збор за сериозна расправија. Говорејќи пред новинарите во понеделникот, тој рече: „Ние се расправаме и, всушност, јас и мојата сопруга се шегуваме“.
Тој додаде дека насловите на медиумите околу инцидентот се претерани и ги нарече „некаков вид на геопланетарна катастрофа“.
„Сите треба да се смират“, додаде тој.
Официјален претставник на Елисејската палата, исто така, го минимизираше тензичниот момент, негирајќи дека имало расправија.
„Тоа беше момент кога претседателот и неговата сопруга сакаа да се релаксираат уште еднаш пред да го започнат патувањето. Тоа беше сосема доволен материјал за да се врти машинеријата на теории на заговор“.


