МИА
Сите влади во Европа, независно од политичката определба, следат иста политика, за која одлучуваат групи неизбрани бирократи, директори и индустриски групации во Брисел, а која оди кон уништување на демократијата, изјави еден од најзначајните светски интелектуалци Ноам Чомски во интервју за новиот број на НИН.
Во Европа како и во САД политичката агенда ја диктираат посебните интереси на големите финансиски групации и банки, а една од нивните главни цели е деструкција на социјалната држава, која претставува едно од најголемите достигнувања во повоена Европа, оцени Чомски.
Зборувајќи на трибина во Рим за тоталниот колапс на европските демократски системи и повикувајќи се на оценката од американскиот весник Волстрит џорнал, овој, како што наведува НИН анархистички интелектуалец предупредува дека таквиот курс може да има многу тешки последици, како што е појава на тоталитарни режими, т.е. диктатура.
Укажувајќи на познатиот факт дека – бизнисот никогаш не бил во љубов со социјалниот договор, Чомски оцени дека политиката денес служи за богатење на банкарите.
– Она што денес е важно е количината на парите која се слева во џебовите на фамозните банкари за да ги збогати, што ни зборува дека политиката веќе сега на големо служи за богатење на банкарите. Тоа стана најголема вредност, додека она што се случува на нормалните луѓе нема никаква важност – заклучи Чомски во интервјуто за белградскиот неделен весник.
]]>


