Сте се сложиле или не, факт е една работа, дека деновите ни поминуваат во чудење: се чудиш на говорот на Џорџе во Баку, се чудиш на протестите пред Апелација, на одлуката на Апелација, се чудиш како полицијата не обезбедува непречено одвивање на сообраќајот во услови на протести, се чудиш кога Нова се нарекува телевизија, Трендафилова новинар, се чудиш на „улогата“ на Трајко за свикување на седницата на Собранието, на изјавите на Али, на лозунгот на протестите „Заедничка Македонија“, за тракторите и комбајните и нивната политичка функција, на претседателите на земјоделските здруженија, за директорот од Прилеп, за изјавата на директорот од Крива Паланка, дека „луѓето секако биле за умирачка“, за докторката од Битола што ми рече дека не читала извештаи од селски доктори, а притоа одбива да направи преглед на лице место, за д-ри на науки кои не знаат да пишуваат исправно на македонски јазик, за м-ри кои не слушнале за Рејкјавик, за глупави и неактуелни теми на телевизии, за „Звезде Гранда“, за наплив на турски и српски серии, а се бесиме за јазикот, за изјави на претседатели на фудбалски сојузи одваму-оттаму кои се под истраги на даночници, за местење мечеви, за надркани вљубеници во спортот кои поим немаат од спортот, ама знаат да пцујат, за паравојски, гумени куршуми и ноќи на големите ножеви, за патриоти од Торонто кои се држат за „………“ дури зборуваат за Македонија……Ај бре да заличиме на нормални?! За почеток!
Фејсбук статус на Дивна Јовковска Ефтимовска


