Cloudflare „падна“, многу веб-страници не работат поради технички проблеми

Делови од глобалната Интернет мрежа денеска не работат или работат со чести прекини поради технички проблем во Cloudflare.

Посетителите на веб-страниците пријавуваат грешка која укажува дека проблемите на Cloudflare значат дека страницата не може да се отвори.

Cloudflare е клучна компанија за интернет инфраструктура која обезбедува услуги како што се мрежа за испорака на содржина (CDN), заштита од DDoS напади и подобрување на безбедноста и перформансите на веб-страниците. Преку својата широка глобална мрежа, таа овозможува брзо вчитување на содржините и ги штити корисниците и компаниите од различни онлајн закани. Накратко, Cloudflare делува како штит и акцелератор помеѓу корисникот и серверот на веб-страницата.

Компаниајат соопшти дека знае за проблемот и истражува проблем кој потенцијално влијае на повеќе клиенти“.

– Дополнителни детали ќе бидат обезбедени штом ќе бидат достапни повеќе информации, соопшти Cloudflare.

МИА

Најчитани вести