(ФОТО – ВИДЕО) Црн чад повторно над Скопје: Огнената стихија го зафати Трубарево

Голем пожар попладнево ја вознемири околината на Скопје. Темни облаци со густ чад се шират над Аеродром и Гази Баба, оставајќи ја престолнината под црн превез.

Загрижени граѓани веднаш алармираа на социјалните мрежи, масовно споделувајќи фотографии и видеа од чадот кој се гледа од повеќе делови на градот.

Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, потврди дека пожарот избувнал во селото Трубарево, каде што гори во компанијата „Нула Отпад“.

Пожар избувнал во компанијата за преработка на отпад  „Нула отпад“ во скопско Турбарево, а во негово гасење се вклучени неколку екипи од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје кои претходно интервенирале и во гаснење на пожар во стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче, потврдија од Дирекцијата за заштита и спасување и од Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје. 

Има голем пожар во Трубарево, зафатени се отпадни материи, се гасне со повеќе екипи, изјави за МИА Звонко Томевски, командир на Бригадата за противпожарна заштита на град Скопје.

Како што рече Томевски, веќе е изгаснат пожарот кај стара Цементара на ул. „Горноврановска“ во Горно Лисиче.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести