Од ден во ден станува полошо. ВМРО ДПМНЕ еден ден почна со антиквизацијата и добивме вето за влез во НАТО алијансата. Од Македонија направи земја со блокирани евро-атлантски интеграции.
Втор ден почна со продукција на примитивен национализам и разни поделби, па внесе раздор помеѓу Македонците и Албанците, христијаните и муслиманите, но и ги подели самите Македонци на антички и словени, како и други поделби на граѓаните по многу основи. Добивме поделено општество.
Трет ден почна пресметка со неистомислениците, па секој оној кој размислува различно стана предавник, а секој оној кој се осудил да критикува гласно стана платеник.
Четврт ден почна да навлегува во секоја пора од општеството. Почна од медиумите, преку судството, бизнисот, па се до спортот и стави речиси се под контрола. Добивме ситуација да единствено нешто што функционира без проблеми е криминалот, корупцијата и пропагандата.
Петтиот ден почна да апси политички затвореници, па во затвори имаме и невини луѓе, а слободно се шетаат луѓе кои организирале пљачка во милијарди евра.
Шестиот ден почна да краде избори и да прислушкува. Режимот мора да има се под контрола и уцена.
Седмиот ден тргна да продуцира конфликти и крвави сценарија за да дефокусира од криминалот и украдените избори, па имавме мала војна во Куманово, но и многу жртви.
Осмиот ден тргна да се консолидира и да ја зацврстува диктатурата, па распиша избори на 5 јуни, на кои ќе оди без опозицијата. Ако оваа власт, која е под контрола на ВМРО ДПМНЕ и Груевски, продолжи да владее, заедно со слугите од ДУИ, тогаш лесно може да се разбудиме еден ден без држава. Многу лесно може во многу брзо време да дојде тој ден, па да ја изгубиме Македонија во оваа форма во која денес ја познаваме. Режимот е спремен на се, само да не одговараат властодршците за своите злодела.
Затоа е важно да се разбудиме додека не е доцна, а малку време имаме, и да му пружиме отпор на режимот. Првата голема следна битка е масовен бојкот на изборите на 5 јуни.
Или Груевски или Македонија, нема друг избор
Џелал Хоџиќ
фејсбук статус


