Дали Бране Петрушевски денеска е на работа, праша претседателот на ССМ пред Собранието

Веќе неколку дена траат јавните препукувања меѓу пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов. Петрушевски го обвини раководството на Сојузот на синдикати на Македонија дека додека работниците се на минималец, тие примаат високи плати, како и дека некои негови членови остваруваат и други приходи што доаѓаат од активности надвор од работењето во ССМ. За Трендафилов, пак, е несериозно пратеник да осудува претседател на Синдикати. Го повика пратеникот од неговата плата да „ми ги надополни овие 15 илјади денари кои ги немам и секој месец да имам 75 илјади денари за да не лаже“, информира 360 степени.

Непочитувани пратеници, 120 вие, а 300 ние. Трипати повеќе од Вас. Денеска дојдовме тука да побараме да донесете одлука минималната плата да изнесува не помалку од 500 евра и да се зголемат сите останати плати за 100 евра. Ова денеска во обраќањето на јавната седница пред Собранието го рече претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, повикувајќи ги работниците да донесат одлука пратениците да земаат минималона плата се до наредното зголемување на минималната плата.

„Вашите сега 79 отсто зголемени плати не ги заслужувате и затоа дојдовме тука поради фактот што вие не одлучувате за нас, ние да одлучиме за вас. Почитувани работници, да донесеме одлука пратениците да бидат на минимална плата до наредното зголемување на минималната плата“,рече Трендафилов.

Констатираше дека органите и телата на ССМ, на градските синдикати и борците за работнички права, едногласно донеле одлука пратениците да ги намалат луксузните плати на минимална плата.

За крај имам лично прашање. Бране на работа е или не“,кажа Трендафилов.

Инаку, веќе неколку дена траат јавните препукувања меѓу пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски и претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов.

Петрушевски изминатите денови на прес-конференции зборува за висината на платата на синдикалните претставници. Го обвини раководството на Сојузот на синдикати на Македонија дека додека работниците се на минималец, тие примаат високи плати, како и дека некои негови членови остваруваат и други приходи што доаѓаат од активности надвор од работењето во ССМ.

За Трендафилов, пак, е несериозно пратеник да осудува претседател на Синдикати. Го повика пратеникот од неговата плата да „ми ги надополни овие 15 илјади денари кои ги немам и секој месец да имам 75 илјади денари за да не лаже“.

Извор – 360 степени

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести