Данска подобра во дербито со Шпанија на ЕП

Во дербито на 1. колото од втората фаза на ракометното Европско првенство, домашната селекција и актуелен европски првак Данска го победи светскиот шампион Шпанија со 31:28 и со тоа го продолжи победничкиот од кон одбраната на титулата. Ова за „црвената фурија“ беше прв пораз на првенството. Во групата 1, Исланд ја победи Австрија 33:27, додека на отворањето од оваа фаза Унагрија славеше над Македонија со 31:25. Табела: Данска 6 бодови, Шпанија 4, Исланд 3, Унгарија 3, Македонија 2, Австрија 0. Денеска се играат првите натпревари од групата 2: Полска – Белорусија (почеток 15:45 часот), Русија – Шведска (18) и Франција – Хрватска (20:15 часот).

]]>

Најчитани вести