Дел од населбата Кисела Вода без вода

Без вода денеска од 9:15 часот се корисниците од улицата „Христо Татарчев“ од број 60 до кружниот тек во населбата Кисела Вода.

Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот со водоснабдување е поради уличен дефект на цевка со пречник од 200 милиметри на ул.„Христо Татарчев“ бр.60.

Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување со работните активности. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести