Дел од падобранска опрема паднал врз куќа во Неготино

Дел од падобранска опрема паднал врз куќа во Неготино, потврди за МИА, Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.

– Вчера во ОВР Нeготино, од Б.С (35) од Неготино било пријавено дека дел од падобранска опрема, паднал на кровoт на неговата куќа и оштетил неколку керамиди. По извршениот увид од екипа од ОВР Неготино пронајден е еден војнички ранец, сопственост на војник од сојузничката армија во состав на Мултинационална вежба, “Вежбовни десантни падобрански скокови од авион”, на подрачјето на Неготино, појасни Самарџиев.

Тој нагласи дека предметот е вратен на лицето, а штетата на кровот ќе биде надоместена.

МИА

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести