Денешните сведоци во „Меѓународен сојуз“ брутално лажеа, тврди адвокатот Сашко Дукоски

Денешното сведочење на двајца сведоци, Јованка Кухар и пензионерката Лилјана Тодоровска, во предметот „Меѓународен сојуз“, адвокатот Сашко Дукоски кој е дел од одбраната на обвинетите, го нарече брутално лажење.

Тој оспорува неколку моменти од исказот на Тодоровска, која е авторка на проектот за домови за стари лица, а која тврдеше дека кога потпишувала договор за реализација на овие проекти со „Меѓународниот сојуз“ и фирмата на бизнисменот Силјан Мицевски, не ги знаела сите детали, како и дека не знае колку пари легнале на нејзината сметка, а биле земени од асистентката на обвинетиот Бојан Јовановски, Христина Блажевска која е исто така обвинета.

Повеќе на линкот: 360 степени

]]>

Најчитани вести