Денот го започнав во надалеку прочуениот Осоговски манастир, стар преку илјада години и вистинско национално богатство за македонскиот народ.
Денеска е голем празник. Св.Јоаким Осоговски, голем ден на кој го празнуваме споменот на светителот-заштитник на градот Крива Паланка.
Се помолив за добро на сите нас, за мир и здравје, сила и мудрост. Им благодарам што со мене беа и претседателот на партиската општинска организација, како и претседателот на локалниот младински клуб на СДСМ.