Денот на жените: Шокантната статистика покажува зошто и понатаму е важен

Меѓународниот ден на жената, како и било кој настан кој промовира позитивна дискриминација,  доаѓа и со некои негативни конотации.

Првиот ден на жените се одржал во првата деценија на 20-от век. Тоа било пред жените да имаат право на глас, пред жените да можат законски да ја прекинат својата бременост и пред тие да се осмелат да имаат имот или и самите тие тоа да бидат, а Марија Кири требаше да биде првата жена што ја добила Нобелова награда.

Речиси цели век подоцна, на овој ден гледаме како на досаден ден, или во најдобар случај како на прослава.

Битките кои со себе ги активираа и првите кампањи за правата на женте, одамна се добиени. Жените во денешното општество ја имаат целосната слобода и рамноправност што им е потребна, или тоа не е така?

Резултатите од одредени статисктички истражувања и укажуваат на тоа колку всушност сме до ден денс сме „напреднале“.

Насилство На глобално ниво, една од три жени ќе биде жртва на насилство или силување во нејзиниот живот. Во просек, 30 проценти од жените кои биле во врска пријавиле дека биле подложени на некоја форма на физичка или психолошка злоупотреба од интимниот партнер. Речиси 38 проценти од сите убиства на жените ги извршиле нивните интимни партнери. Извештајот на Обединетите нации покажува дека неверојатни 99,3 отсто од жените и девојките во Египет биле жртва на сексуално вознемирување.

Осакатување на женски гениталии Во прашање е практика во која на девојчињата им ги отсекуваат интимните делови без анестезија – и речиси 130 милиони жени во светот денес, биле подложен на оваа сурова пракса.

Брак Речиси 14 милиони девојчиња, од кои некои имаат помалку од 8 години, се ожениле во 2014 година. Секоја година 1,2 милиони деца се жртви на трговија со луѓе, 80 отсто од нив се девојчиња. Во 10 земји од светот , жените се законски обврзани да ги почитуваат нивните сопрузи. Само 76 земји имаат закони кои конкретно се однесуваат на семејното насилство – а само во 57 од нив се споменува сексуалната злоупотреба.

Работа Само 24 отсто од менаџерски позиции во светот ги извршуваат жени. Комисијата за еднаквост и човекови права проценува дека со ова темпо на напредок ќе бидат потребни 70 години за да бројот на жените директори и мажите директори на 100 најголеми компании во светот биде ист.

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Топ Вести

Најчитани вести