Во овие мигови на тага, оплакување и револт против ужасниот напад и убиството на десетмина карикатуристи и новинари на списанието Шарли и двајца полицајци, им изразувам најдлабоко сочувство на семејствата и пријателите на жртвите на овој варварски чин. Стојам денеска, заедно со моите пријатели и колеги, заедно со сите луѓе на светот кои ја сакаат слободата и извикувам: Јас сум Шарли!
Овие убијци донесоа само срам за човештвото. Тие не се борат за еднаквост или правда. Тие само се построија заедно со касапите на светот, станаа убијци на убавината и докажаа дека ја мразат слободата. Тие што можеби се горди на напаѓачите на Шарли се срам за човековата цивилизација, ништо повеќе. Овој напад ги рани самите фундаменти на секоја вера и на човечноста во целост.
Убијците донесоа терор и страдање, но и го потсетија светот на величината на слободата. Тие извршија зол и нечесен акт, еден од најкрвавите потсетници – за што е вредно да се живее и да се умре: слободата на изразувањето.
Не постои поинаков одговор на овој ужасен злостор, освен љубовта. Не постои друг излез освен посветеноста кон правдата, слободата и еднаквоста. Не постои понаков одговор на овој ужас, освен убавината на мирот. Не постои поинаков одговор на разорувањето, злото и лажната побожност, освен солидарност, почит и слобода.
Еве сум! #JeSuisCharlie!
Џабир Дерала


