Локалното дерби во 13.коло од француската Лига 1 одиграно синоќа во Сент Етиен заврши со триумф на Олимпик Лион со 2:1.
Сите три голови беа постигнати во вториот дел, а решавачкиот во судиското продолжение од вториот дел. Стрелец во 90+3 минута беше Џими Брајан.
Ова беше втора победа за Олимпик Лион по ред со што се искачи на седмото место, додека Сент Етиен со ист број бодови (18) е на деветото место.
На другите дуели од оваа рунда беа постигнати следниве резултати: Олимпик Марсеј – Сошо 2:1, Бордо – Нант 0:3, Бастија – Рен 1:0, Генгамп – Лил 0:0, Лориен – Ремс 0:0, Тулуз – Ајачио 1:1, Валенсиен – Монпеље 1:1, ПСЖ – Ница 3:1 и Монако – Евиан 1:1.
Табела: ПСЖ 31 бод, Лил 27, Монако 26, Нант 23, Олимпик Марсеј 21, Ремс 19,


