Во полициската акција „Армагедон“ спроведена на териротија на цела Србија уапсена е поголема група педофили, кои злоупотребувајќи го интернетот, извршиле кривични дела на штета на повеќе жртви, девојчиња и момчиња. Според последните информации што ги објави „Телеграф.рс“, во акцијата им се одземени и компјутерите на осомничените и прибавени се конкретни материјални докази за одредени кривични дела.
Меѓу уапсените има и поранешни затвореници и повратници кои преку интернет извршиле кривични дела од областа на сексуална експлоатација на малолетници.
Меѓу жртвите има и деца на возраст од три до 14 години.


