Девојка на возраст од околу 25 години поладнево на улицата 4 јули во скопската населба Ѓорче Петров падналa од зграда и починала на лице место. Станува збор за 25-годишната Маријана Т. која, според неофицијални информации, паднала од петтиот кат од зградата додека чистела прозорци.


