Ситно се одбројува до почетокот на бербата на малините во Ариље, кое заедно со Ивањица се смета за престолнина на српското црвено злато. И додека се уште се чека колкава ќе биде годинешната откупна цена за килограм, веќе е познато колкави ќе бидат дневниците за сезонските работници.
– Што се однесува до самата малина и родот за оваа година, не очекувам многу бидејќи раниот мраз уби многу од неа пред вистинската берба. Доколку има по 100 килограми по ар, ќе бидам задоволен. Кога станува збор за дневниците на сезонските работници, тие ќе бидат исти како лани, од 4.000 до 4.500 илјади динари. Се надеваме дека и берачите ќе не разберат затоа што ретко кој има можност да даде повеќе годинава, вели за РИНА еден одгледувач на малини од Ариље, Драгош Луковиќ.

Сезонски работници за берење малини секоја година се потешко се наоѓаат. Општо земено, сите членови на семејството се вклучени во бербата.
– Засега се уште ја немаме почетната цена, тоа треба да ни се каже за да знаат одгледувачите на малини како да се позиционираат и што да прават. Секоја цена под 450 динари годинава е неприфатлива, последниве две години работиме во минус. Ова е пресвртница во одгледувањето малини, изјави Милета Пилчевиќ, претседател на здружението Виламет од Ариље.
Претходната година откупната цена на малините била 250 динари. Со оглед на помалиот род и празните ладилници, побарувачката за српските малини годинава ќе биде огромна, што секако ќе влијае на зголемената цена, пишува српски Курир.


