Дјурант и донесе победа на Оклахома во дербито со Портланд

Со уште една извонредна игра и осми натпревар по ред на кој постигнува повеќе од 30 поени, Кевин Дјурант беше најзаслужниот за победата на Оклахома на ноќешниот дуел со Портланд. Дјурант натпреварот го заврши со 46 поени, пет скокови и четири асистенции.

Постигнати резултати на петте средби во НБА лигата одржани ноќеска: Оклахома – Портланд 105:97, Бруклин – Орландо 101:90, Мајами – Бостон 93:86, Њу Орлеанс – Сакраменто 97:114 и Јута – Минесота 97:112.

Вечерва се играат 10 натпревари: Шарлот – ЛА Клиперс, Кливленд – Чикаго, Орландо – Атланта, Торонто – Далас, Вашингтон – Бостон, Њујорк – Филаделфија, Хјустон – Сакраменто, Милвоки – Детроит, Сан Антонио – Оклахома и Феникс – Индијана.

Пласман Источна конференција: Индијана 33-7 (победи-порази), Мајами 30-12, Атланта 21-19, Торонто 20-20, Вашингтон 20-20, Чикаго 20-20, Бруклин 18-22, Шарлот 18-25,…

Пласман Западна конференција: Сан Антонио, 32-9 (победи-порази), Оклахома 32-10, Портланд 31-11, ЛА Клиперс 29-14, Хјустон 28-15, Голден Стејт 26-17, Далас 25-18, Феникс 23-17,

]]>

Најчитани вести