ДКСК ќе утврдува дали има корупција, непотизам и судир на интереси за тендерите на Министерството за дигитална трансформација

Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) отвори предмет по сопствена иницијатива за случајот со тендерите во Министерството за дигитална трансформација и ќе утврдува дали има судир на интереси.

Опозициската СДСМ во понеделникот обвини за конфликт на интереси, непотизам и сомнение за корупција во Министерството, откако фирма во сопственост на сопругот на државната секретарка Гордана Клинчарова, добила две јавни набавки во вредност од 50.000 евра. Вчера од СДСМ ја повикаа Антикорупциска комисија итно да постапи по случајот.

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, ги отфрли овие обвинувања, тврдејќи дека Министерството работи транспарентно и законито. Додаде дека јавната набавка е реализирана по цена за 40% пониска од првично планираната сума и дека со тоа биле заштедени околу еден милион денари (16.000 евра) од буџетот.

ДКСК најави дека ќе ги анализира сите околности во случајот и во наредниот период ќе соопшти дали постои основ за понатамошни постапки.

Извор: 24инфо

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести