Поранешниот министер за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, испрати силна видео-порака во поддршка на кандидатурата на Бујар Османи за градоначалник на Чаир, опишувајќи го како човек кој со највисок квалитет и посветеност да и служи на јавноста.
„Бујар Османи е мој пријател кој ја водеше вашата дипломатија и го предводеше ОБСЕ за време на македонското претседавање со оваа организација. Тој е познат политичар и сум сигурен дека го почитувате исто толку колку што и јас го почитувам“, порача Кулеба.
Во пораката, екс шефот на украинската дипломатија потенцираше дека го запознал Османи во најтешките моменти од руската инвазија врз Украина и токму тогаш ја видел неговата човечка и политичка големина.
„Убеден сум дека ќе ви служи со највисок квалитет, интегритет и посветеност, затоа што така работеше и во своите претходни функции. Тој ја сака Македонија, ве сака вас, ги сака вашите градови и села. Тој е човек кој заслужува доверба. Јас тоа го научив во најтешките моменти на инвазијата“, истакна Кулеба.Оваа порака доаѓа од еден од највисоките европски дипломати, човек кој одблиску соработувал со Османи на клучни меѓународни процеси, и сведочи за меѓународниот углед и доверба што Бујар Османи ја ужива надвор од границите на Македонија.


