Имавме вистински есенски ден, врнежливо и многу ветровито, со засилен северозападен ветер. Сепак, наскоро следи пресврт на времето. До сабота се очекува променливо време. Температурите од утре ќе бидат во пораст, па ќе бидат во склад со календарот за викендот.
Враќањето на пролетта не очекува од недела.
Следува прилив на потопла воздушна маса.
Во недела сите региони ќе имаат сончево и релативно топло време со температура околу 20 степени.
Кон крајот на денот се очекува зголемување на облачноста и тоа ќе биде вовед во малку пооблачно време на почетокот на следната недела.
На почетокот на наредната недела ќе биде променливо облачно повремено со врнежи од дожд.
Максималната температура во понеделник и вторник ќе има вредност од 18 до 24°С.
Од среда до петок ќе биде сончево и многу топло со прилив на многу топла воздушна маса од северот на Африка која преку Медитеранот ќе стигне до нашето подрачје.


