Добриот секс не е случајност, потребно е малку да се потрудите

И за оваа вештина важи правилото дека вежбањето е поважно од талентот. За совршено задоволство во сексот важно е да бидете запознаени со теоријата, да знаете како функционира, да имате пракса, но клучот лежи во познавањето на сопственото тело.

Ѕирнете во книгите

За целосно разбирање на она што се случува под ќебето потребно е малку знаење. Но, тоа не значи дека ако сакате да уживате со саканата личност, треба да се запознаете со сопственото тело, туку да погледнете во книгите и да научите како би можеле да му обезбедите незаборавно искуство кое ќе ги разгори вашите страсти.

Запознајте се себе си

Вие најдобро знаете што од сексот ве прави задоволни. Ако не сте размислувале за тоа, еве ви шанса да дознаете допирајќи се со мали нежни допири насекаде по вашето тело. Откријте што е тоа што вам најмногу ви одговара, а во таа игра можете да го вклучите и партнерот.Заборавете на сè што некогаш сте слушнале од другите, а што е тоа што е полн погодок, сами или со партнерот. И не заборавајте дека оние кои го познаваат сопственото тело, секогаш уживаат во сексот малку повеќе од другите.

Разговарајте со вашиот партнер

Ако сакате вашиот сексуален да биде подобар од просекот, тогаш не треба да ги избегнувате разговорите со вашиот партнер за сексот. Луѓето обично имаат тенденција да веруваат дека сè ќе се промени самото од себе и очекуваат нивниот партнер тоа да го знае без да му кажат, а на крајот и двете страни се разочарани.

Средете си ги мислите

Во животот веројатно сте слушнале или прочитале многу информации поврзани со сексот. Некои од советите ви биле корисни, а некои не. Затоа размислете колку ви значи сексот и каква улога игра во вашиот живот. Дали сексот за вас е нешто валкано, нешто добро, нешто на што гледате како обврска или нешто сосема друго. Во секој случај, не плашете се од промените и уживајте само во оние работи што ве прават среќни.

Најнови вести

Најново од Магазин, Топ Вести

Најчитани вести