Добро со Вреди, добро со Таравари? – Мицкоски во обид да ја зачува владината коалиција

Во вторникот вечерта, премиерот Мицкоски и лидерите на ВРЕДИ се сретнаа во Владата. Присутни беа лидерот на ДД, Изет Меџити, лидерот на Движењето Беса, Билал Касами, лидерот на Алтернативата, Зеќирја Ибрахими, но беше забележан и претседателот на Собранието, Африм Гаши. Од друга страна, покрај Мицкоски, на овој состанок присуствуваше и потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ, вицепремиерот, Александар Николоски.

Немаше покана за медиумите, а немаше ниту изјави за тоа што се дискутираше.

Владини извори за медиумите велат дека средбата била конструктивна во пријателски и партнерски дух. Според она што беше соопштено, биле разгледани сите прашања за реформите, борбата против криминалот и промените во системот што ги оставиле ДУИ и СДСМ. Истакнаа дека разговорите продолжуваат за овие прашања.

А денес, преку Фејсбук, генералниот секретар на АА, Блерант Рамадани, објави дека по средбата Таравари-Мицкоски, раководството на партијата го потврдило својот став на следниов начин:

„Алијансата не е политички декор, туку клучен фактор во управувањето со јасни принципи и одговорна визија. Алијансата за Албанците останува посветена на еднаквоста, чисти институции и држава што го почитува секој граѓанин. Овој пристап не е нов за нас, туку е дел од политичката ДНК на Алијансата за Албанците“, вели Блеранд Рамадани.

Средбата меѓу Мицкоски и Таравари се одржа еден ден пред средбата на Премиерот со лидерите на ВРЕДИ. По средбата, извори од АА за TВ21 изјавија дека средбата била многу пријателска и дека предлогот на Мицкоски бил уште еднаш да се обиде да се најде решение за меѓусебна поддршка меѓу владините партии на локалните избори, со посебни листи за советници.

извор: mk.tv21.tv

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести