Доматите во Струмичко се продаваат за три денари за килограм!

Струмичките градинари реагираат на екстремно ниските цени по кои деновиве се откупуваат доматите. На Пазарот на големо и на откупните пунктови во Струмица килограм домати се откупува за три денари, а една гајба од 8-10 килограми се продава за 30-35 денари, информираше Ристо Велков, претседател на Сојуз на синдикат на земјоделски производители.
Тој јавно ги праша владата и министерството за земјоделство колку килограми домати се откупени и преку кои преработувачки капацитети со така наречениот субвенциониран откуп на доматот, кој траеше до 15 овој месец и за секој предаден килограм домат на преработувачите производителите добиваа по 4 денари.

risto1
-Уште со носење на таквата одлука ние реагиравме и нагласивме дека одлуката е задоцнета и нескрена од страна на владата и ресорното министерство. Уште тогаш нагласивме дека и овој пат се работи за уште една лага и манипулација и врз нас градинарите и врз сите граѓани на Македонија, кои треба да веруваат дека оваа власт мисли и работи за сите нас, додаде Велков.
Тој го повика министерот за земјоделство да се појави на Пазарот на големо во Струмица и да ја согледа вистинската состојба на градинарите, но и да ги види ефектите од одлуките кои ги носат тој и владата.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести