Со оглед на ситуацијата во источниот дел на Европа, односно руско-украинскиот конфликт, повеќе од јасно е дека УЕФА ќе донесе одлука финалето на Лигата на шампионите да не се игра во Русија.
Неколку земји веќе ѝ воведоа санкции на најголемата земја на планетата, меѓу кои и Велика Британија, пренесоа агенциите.
УЕФА објави и дека „во моментов не размислуваат за промена на стадионот и градот домаќин на финалето на Лигата на шампионите“.
Сепак проблемот со одигрувањето на натпреварот е пред се од политичка природа, па затоа внимание привлече и изјавата на британскиот премиер Борис Џонсон.
Имено, тој рече дека „нема шанси финалето на Лигата на шампионите или некој фудбалски турнир да се одржи во Русија, која планира инвазија на суверена земја“.