Не велам дека Бонева крадела, може таков е системот и и дозволува, да ја цеди државата до последен денар, и друго е етичноста и моралноста, ама колку државата навистина плака трошоци, што таа треба да зема 2000 евра месечно, само на име на пат,!? Па што ќе и е плата тогаш?Зарем толку сме богати?
Од друга страна ајде да истражуваме и дали била на патот каде што го пријавува дека патува. Барем сега е лесно има телефони мобилни, има таа и службен телефон нели, со кој може да се провери преку Телеком, од кои предаватели, базни станици се конектирала. Да видиме тие денови кога наплатила во тие изминати 6 месеци, дали цело време е во Скопје, или пак има конкеции само од Срумица на пример. Да видиме за сите тие денови што наплатила дали навистина имало потреба да се плати ?Ама што е многу многу е : Ова е фино и за истражувачка сторија за младите новинари или можеме и вака јавно да ја истражуваме заедно на ФБ.
Ајде да ги провериме, и службите државни кои плакаат со наши пари дали тоа баш така треба и мора? Можеби граѓаните ќе ни посочат други информации и ете Телеком има можност се да птврди и демантира, да се види дали цело време е во Скопје, или патува во Струмица. , за каде што наплаќа. Тргнуваме од оваа базична информација и таа вели дека се е леглно. Ок ! Не прејудицираме, но да видиме каде е грешката затоа што ова не е нормално и не е за молчење.
А втората работа вредна за истражување, како во оваа држава и по кој основ се наплаќаат патни трошоци за функционери , пошто за рајата одамна нема ниту пат , ниту храна , ниту прекувремени, ниту празнично, ниту слободни денови или фул одмор ,туку само работа од јутра до сутра.Синдикатите тоа белким (не ) ги интересира?
Фејсбук статус на Драган Антоновски
Фото:Странски служби


