Ви го пренесуваме Фејсбук статусот на Исидора Јакимовска, другарка на Фросина Цековска, девојката која беше прегазена на пешачки премин на Партизанска во Скопје.
Веќе пет месеци како споделувам и постирам апели во врска со Фросина Цековска, девојката која беше прегазена на Партизанска пред скоро половина година, но во името на нејзините родители и сестра.
Денес ќе напишам нешто лично.
Ја познавам Фросина 5 години, а од тогаш до сега во животот не запознав подобро девојче. Ниту пак подобра другарка. Не запознав човек како неа! Таа секогаш беше насмеано девојче, највеселата во друштво, нејзината појава секогаш не правеше сите посреќни. Таа беше девојче кое веруваше во своите сонови, кои со голем труд се бореше да ги оствари!
Таа е една од најзначанјите личности во мојот живот, која има посебно место во моето срце, кое никој никогаш нема да го замени.
Затоа, не можам да замолчам пред неправдата која ја гледам, не можам повеќе да ги издржам солзите на нејзината мајка, стискањето палци на нејзиниот татко, тагата во очите на нјезината сестра, загубата на сите нас, сите кои ја сакавме, кои и се радувавме, кои ја почитувавме.
Зарем е можно и после пет месеци сеуште сите да молчите, да ги избегнувате прашањата на нејзините родители..?
Зарем тие не заслужуваат да дознаат кој и зеде се на нивната ќерка? Зарем нејзината сестра не заслужува да дознае кој и ја зеде сестрата сега, кога најмногу и е потребна.?
Не замина само еден човек.. И не само тој кој стоеше зад воланот ја уби неа. Сите вие! Сите вие кои со денови, со месеци молчите!
Вие не ја убивте само неа! Ги убивте сите нејзини соништа, и ја зедовте иднината, а сега и мирот.
Постојат случаи во кои утврдувате притвор, во кои донесувате пресуда. А за овој случај уште колку време ви е потребно?
Ова го пишувам со една цел..
Кога не успеав против судбината, барем да успеам да почива во мирот.
Не знам кога ќе дојде денот кога ова случај ќе се реши, кога нејзините родители и сестра ќе пронајдат малку мир, кога Фросе ќе почива во мир. Не знам кога навистина ќе се заинтересирате за овој случај.
Јас верував во правдата во оваа држава. Но, со ова секојдневно исчекување ја изгубив надежта…
Сите вие кои молчите и го избегнувате секое наше прашање, едно ќе ви речам – можеби имате веќе деца, или пак ќе имате… Погледнете во нив… Во секој од нив е по некој дел од Фросина… Погледнете се и вие, можеби сте можеле и вие да бидете Фросина!
Дали ќе сакавте вашите родители, вашата сестра да поднесуваат уште поголема болка, од онаа неизбежната..?
Дали ќе сакавте ?
И дали ако некој, кој си игра војна на патиштата ве раздели од она кое најмногу сте го сакале, кое најмногу сте го почитувале, кое ви било најдраго и најмило ќе молчевте?
Ете..Затоа не можам да молчам..
Не зедовте човек од мојот живот, животот ми го зедовте!


