Вчера новинарот и уредник на Мактел Саше Ивановски беше физички и кукавички нападнат со шипки. Му беа нанесени телесни повреди на главата.
Тоа е Македонија која треба да ја промениме, односно од која треба да се гадиме, а со тоа и да дејствуваме срема менување. Македонија не е така лесно место за живеење, особено не за оние неистомисленици со власта, поредокот и доминантниот систем на вредности. Вчера беше Саше, претходно беа многу други новинари и активисти од разно разни организации и активистички јадра и до сега ниту еден насилник не е приведен пред лицето на правдата. Беа уништувани и демолирани простории (како онаа на ЛГБТИ и кафулето Дамар) исто така никаква правна разрешница. Системот најде начини и механизми да ги приведи нашите другари за настаните на петти мај, експресно да ги приведе и да ги притвори, на крај да спроведе судска постапка. Лицемерието на системот и поредокот е толку очебијно што веќе нема кому не му е јасно со што багра си имаме работа. Затоа, отварајте очи, внимавајте, криминалциве не паѓаат со песни и ора, туку со постојана борба на сите нивоа во општеството, борба којашто ќе се манифестира на вистински начин, начин којшто на никој начин нема да го амортизира бесот и гневот, туку нив ќе ги конвертира во јасна и субверзивна политичка порака.
Држ се Саше!
Фејсбук статус на активистот Мариглен Демири


