Држава на криминалците или криминална држава

Сите знаат дека тие краделе.
Краделе како најдолни кокошкари, без стил, без минимум криминално витештво, што би рекол Вук Перишиќ.
Со помош на државата, а не во страв од неа, како нормалните криминалци, како мојата малечкост додека џапаше “краш” чоколадца од првата самопослуга во Берово.
Докази речиси дека не се ниту потребни, се е така очигледно, нивниот злосторнички статус е природна категорија која не се докажува како што нема потреба да се докажува дека во 12 часот на пладне е ден, но, сеедно, има милион материјални докази, сведоштва, а ги имаме и драматичните последици на нивниот апашанат како наддоказ.
Проблемот е во тоа што имаме државата која со сите сили се труди да ги заташка и прикрие тие злотворства и да ги оневини починителите. Држава која свесно ја има дефинирано презумпцијата на невиноста како последно прибежиште на апашите ( ВП)!
И ја имаме јавноста која има респект и верба во криминалната држава, која се стаписува пред цинизмот на апашите и на нивните прости марифетлуци, многу повеќе отколку во својата способност и право да им ја ебе мајката и на криминалците и на нивната заштитничка држава!

Фејсбук статус на Бранко Тричковскиtrickovski

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести