Два месеци од исчезнувањето на Миле Тодоров од Неготино, семејството во агонија

Сестрата на исчезнатиот Миле, Марија Атанасиевиќ, се огласи на Фејсбук со потресен статус.

Неговата сестра секојдневно на Фејсбук моли за помош и пронаоѓање на нејзиниот брат.

Ох, од каде да почнам?

Секој ден се будам и помислувам сега ова што ни се случува е само голем кошмар, но вистината не е таква, таа премногу боли!

Солзите сами течат, не прикинуваат на помислата за тебе МИЛО БРАТЧЕ, напиша Марија Атанасиевиќ.

28 годишниот Миле Тодоров од Неготино последен пат е виден на 30 јануари околу 10 часот кај кавадречкото село Марена, висок околу 185 сантиметри облечен во црно работничко одело со бело палто и црн елек. Досега најден е само неговиот телефон, додека дома му се личната карта и пасошот.

 

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести