Eдинствена земја на светот каде премиер се влечка на настани позади лидер на партија

Македонија е единствената земја на светот каде премиер се влечка на промотивни настани позади лидер на партија.

Овие не се ни трудат барем да го одржат привидот дека договорот од Пржино се остварува.

Ете токму на овој начин, се „бистри” заматената граница меѓу партијата и државата, и се елиминира злоупотребата на државните ресурси – работно време, коли, обезбедување, па и пари за тие проекти кои ги плаќаат граѓаните – за партиска кампања и промоција.

И после ова и вчерашниот говор каде Груевски дигаше на клоци се по список, ќе убедуваат дека договорот од Пржино се спроведува и дека ќе има фер избори.

Ко што реце младичот, мало морген! На такви избори нека си танцуваат сами са самим собом!

Петрит Сарачини – Фејсбук статус

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести