Единствениот капитален готов објект во општина Чаир

Призма скоро имаше истражување дека Чаир како општина троши 13 милиона евра годишно на јавни набавки. Таа сума и го обезбедува првото место помеѓу општините “во таа дисциплина”, а имаше и податок дека дури над 30 мали општини заедно (од вкупно 80 во целата држава) не трошат за јавни набавки како општина Чаир за една година.

Кои се капиталните објекти кои може да ги видите низ Чаир, а да се изградени во овие години или се градат:

– Споменикот Скендер Бег. Одамна изграден, по 2-3 прослави пред него се одржуваат во текот на една година.

– Мостот кај Бит Пазар. Тотална глупост, лошо поставен и граѓаните го игнорираат затоа што наместо олеснување тој им е отежнување.

– Плоштадот Скендер Бег уште се гради.

Има само една капитална инвестиција во Чаир која е погодена и е во функција на граѓаните. Тоа се овие две чешми, кои изгледаат како да се извадени од некој тоалет. Овој капитален објект е поставен на самиот влез во Чаршија, од страната на Бит Пазар. Овдека многу народ застанува да пие вода. Граѓаните одлично ги прифатија, посебно активистите на ДУИ. На секое пиење вода, го замолуваат Господ да на идејните творци на оваа инвестиција им запише по некое добро дело. Глорификацијата на засега единствената функционална инвестиција во Чаир иде до тој степен, да луѓето, посебно активистите на ДУИ, овие две чешми, кои веројатно требало да завршат во некој ќенеф, ги именуваат како “Чешмите на Изет и Бечо”

П.С Многу често помеѓу чешмите некој остава и сапун. Не знам дали е дел од инвестицијата, или е одговор на граѓаните на овој капитален објект

Џељо Хоџиќ – Фејсбук статус

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести