Единствено ЦСКА Москва победи на гости

На првите четири натпревари од 5.коло од Евролигата одиграни синоќа единствената победа на гостински терен ја постигна екипата на ЦСКА Москва, која славеше во дуелот со Баерн Минхен со 86:61. На другите три натпревари победија домаќините: Олимпијакос, Армани Милано и Реал Мадрид.

Резултати и двојки од 5.коло: Е група: Олимпијакос – Уникаха Милано 73:55, Армани Милано – Фенербахче (Лестер Бо Мекејлеб постигна 12 поена) 90:85, Панатинаикос – Барселона (играат вечерва) и Лаборал – Анадолу Ефес (играат вечерва).

Ф група: Баерн Минхен – ЦСКА Москва 61:86, Реал Мадрид – Макаби 74:68, Галатасарај – Жалгирис (играат вечерва) и Партизан – Локомотив Кубан (играат вечерва).

Табела Е група: Барселона 4-0 (победи-порази), Панатинаикос 3-1, Армани Милано 3-2, Олимпијакос 3-2, Уникаха Малага 2-3, Лаборал 1-3, Анадолу Ефес 1-4, Фенербахче 1-4.

Табела Ф група: ЦСКА Москва 4-1, Макаби 4-1, Реал Мадрид 4-1, Локомотив Кубан 2-2, Баерн Минхен 2-3, Галатасарај 1-3, Партизан 1-3, Жалгирис 0-4.

]]>

Најчитани вести