Ефикасно и практично одгледување на краставици во буре

Во едно буре можете да одгледате краставици колку на површина од 3 метри должина, но со помалку обврски, а при тоа ќе го заштитите плодот од различни болести.

Ставете на сончева страна на парцелата едно или неколку буриња. На дното на бурето ставете прво органски отпад: лисја, слама, корења, кора од банана и друго овошје и зеленчук како и гранки.

bure

Исто така користите и ѓубриво. Наполнете го бурето.

Во мај наполнете го бурето до крај со земја, дебелина околу  10-15 сантиметри.

bure1

Полијте со вода и одма насадите ги семките. За едно буре потребни ви се 9-10 семки засадени на растојание од 15 сантиметри.

bure2

За да ја сочувате топлината покријте ги со црна фолија или со пластични шишиња.

bure3

Садниците ќе растат како квасец, ако им обезбедите оптимална микроклима со помош на помал сад со вода на средина на бурето кое ќе го полните со вода по потреба.

bure4

Средина на јуни кога времето е топло можете да го тргнете најлонот. Краставиците ќе растат и ќе се вртат околу бурето.

bure5

bure6

 

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести