Чуден сме народ ние Македонците.За кратка употреба.Особено чудно е мнозинството во државата Ни. Најбитно им е нокти,трепки и некој шугав тренд , како топуци од пет метра,сукња до над рез, и 300 други неморални и неетички кодекси…Наместо здравје,среќа и повторно здравје.
Додека некои мака мачат со животот и негово преживување,голготи низ административни лавиринти,здравствени ходници,финансиски кризи,сиромаштија и беда,животни маки и искушенија….другите,мака си имаат оти ги пропуштиле репризите на селските фарми,други неморални реални шоуа и небитни пропаганди,со најновата мода од “мисионерските“ сестри кардашијан и другите слични на нив.
И додека првите едвај наоѓаат начин да испратат апел за помош,вторите само поминуваат со скролот надолу(оти сликичката не им асоцира на тренд,скандал,воајеризам)..
Чуден сме народ ние Македонците.Секое чудо за три дена. Народ за три дена.Се ни е за три дена.Револтот ни трае три дена.Неодамна цел град се крена(духовно и фејсбуковски против изградбата на рудникот во нашата општина),ама и тоа за три дена.Малку поодамна,изчезна општински монумент(мистериозно),фама-три дена. Се одржа и Фолк фест,три дена(премиерно беше,иако навидум генерална проба ко да беше). Министерот за здравство сто скандали направи,секој со прашина зад себе,за три дена.Пиштоли се “забораваат“ по џебови;очила за сонце од 60.000 евра;мерцедеси од 600.000 евра;плацеви на Водно;судии се бираат со сваровски и бисери;се вработуваат со книшки,со човечиња,со списоци,преку т-мобиле; пешаци страдаат,умираат,велосипедисти страдаат,умираат; судии на пешачки паркирани; миле ми текна; летаат во ендек; деца умираат на плоштад,деца умираат крај езеро,деца умираат во државна болница….деца умираат…и секое чудо за три дена.
Се за три дена.Се бара правда-три дена,се бара мир,безбедност,сериозност во институции,професионалност од судови,протести..се за три дена…па за штикли повеке време “тепаат“ оние вторите. Ех, мојата чудесна тридневна Македонија.
Фејсбук статус на Мери Лазарова


