Европската ракометна федерација (ЕХФ) размислува да го зголеми бројот на репрезентации кои ќе настапуваат на завршницата на Европскиот шампионат од 2022 година.
Михаел Видерер, генералниот секретар на ЕХФ ја потврди ваквата информација дополнувајќи дека за ваквиот предлог ќе се одлучува на конгресот на ЕХФ, кој во септември ќе се одржи во Даблин.
– Расправаме околу новиот формат, според кој ЕП би се одржувало во три земји, а би учествувале 24 репрезентации. Секоја од земјите би била домаќин на две групи на ЕП. Доколу идејата биде прифатена би започнала да се применува од 2022 година. Ние веќе паралелно сме во преговори со Австрија, Норвешка и Шведска за понуда за организација, изјави Видерер.
Европските првенства во ракомет немаат долга историја. Неодамна завршеното во Данска беше само единаесетто, а правилата досега се менувале неколку пати.
]]>


