ЕП ракомет 2014: Данска прв полуфиналист

Репрезентацијата на Данска е првиот полуфиналист на Европското првенство откако синоќа во последниот натпревар од програмата од групата 1 ја победија Унгарија со 28:24.

Со оваа победа европскиот првак го обезбеди првото место во групата без разлика на исходот од последниот натпревар со Исланд.

На другите два дуела од групата Македонија загуби од Исланд со 29:27, додека светскиот првак минимално ја победи Австрија со 28:27.

Данска има максимални 8 бодови, Шпанија 6, Исланд 5, Унгарија 3, Македонија 2, Австрија е последна без бод.

Денеска се играат натпреварите од групата 2 во Архус, а двојките се: Русија – Хрватска (почеток 15:45 часот), Франција – Белорусија (18 часот) и Полска – Шведска (20:15 часот). Франција со победа ќе обезбеди полуфинале во пресрет на последното коло.

]]>

Најчитани вести