Ердоган прогласи вонредна состојба за следните три месеци

Турскиот претседател Ердоган прогласи вонредна состојба за следните три месеци во 10 погодени провинции од катастрофалниот земјотрес.

Како што информираше тој, 70 земји веќе понудиле секаква можна помош за спасување во погодените подрачја од оваа земја.

Бројот на загинати во Турција се искачи на 3.549 лица, со што вкупниот број загинати во Турција и Сирија се искачи на 5.151.

Извор: lokalno.mk

Најчитани вести