Министерството за внатрешни работи соопшти дека е расчистена тешка кражба во Кавадарци и приведени се две лица.
„На 01.09.2023 во Кавадарци, полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кавадарци ги лишиле од слобода С.М.(37) од Кавадарци и А.А.(37) од Неготино. При претрес во домот на С.М., извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени шест лап топ компјутери, делови за компјутер и друга компјутерска опрема за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“ сторено на 28.08.2023 во Здружение на граѓани на ул.„Браќа Хаџи Тефови“ во Кавадарци.
Додека, кај А.А. бил пронајден еден лап топ компјутер за кој, исто така, постои сомнение дека потекнува од истото кривично дело и дека го купил од С.М..
Пронајденото ќе биде вратено на сопственикот, а по целосно документирање на случајот против двете лица ќе биде поднесена соодветна пријава“, стои во соопштението на МВР.

Пред неколку дена беше ограбена канцеларијата на „Донирај компјутер“ во Кавадарци.
Првиот човек на „Донирај компјутер“ – Борче Стаменов, на својот Фејсбук профил соопшти дека е фатен крадецот, кој пред одреден период ги ограби просториите на хуманитарната иницијатива, крадејќи лаптопи наменети за социјално ранливи категории.


