Фатиле „летачка желка“: Албански рибари уловилe редок вид желка „Келониа мидас“

Албански рибари фатија редок вид желка, позната како „летечка желка“ (Kelonia midas), која за разлика од другите желки е поразлична во бојата и нејзината брзина, пренесе МИА од Тирана.

Рибарите и ставиле соодветна плочка со сериски број и албански код АЛ бидејќи немала друг таргет, по што претседателот на рибарското друштво, Шериф Дурмиши и билогот Идриз Хаџиу ја вратиле повоторно во морските води.

– Во последно време расте бројот на фатени желки во рибарските мрежи но ова е првпат да се вати ваков редок примерок, изјави Дурмиши.

Во последните неколку години фатени се над 2.000 желки.

Најнови вести

Најново од Балкан, Топ Вести

Најчитани вести