Без поголеми проблеми, најголемите фаворити во денешните натпревари од 3.коло на Австралија Опен, Рожер Федерер и Енди Мареј ги победија своите противници.
Федерер (Швајцарија) славеше против рускиот тенисер Габашвили со 3:0 – по сетови 6:2; 6:2; 6:3.
Мареј (Велика Британија) исто така без изгубен сет го порази Лопез (Шпанија) – по сетови 7:6; 6:4; 6:2.
Резултати на другите досега завршени мечеви од машкиот турнир на Грен слемот во Мелбурн:
Стефан Роберт (Франција) – Мартин Клизан (Словачка) 3:0 – 6:0; 7:6; 6:4.
Милош Раониќ (Канада) – Григор Димитров (Бугарија) 1:3 – 3:6; 6:3; 4:6; 6:7.
Беноит Паире (Франција) – Роберт Баутиста (Шпанија) 0:3 – 2:6; 1:6; 4:6.
]]>


