Федерер подобар од Гаске на Мастерсот во Лондон

Швајцарскиот тенисер Рожер Федерер успеа да ја постигне првата победа на Мастерсот во Лондон. Попладнево во меч од 2.коло од Б групата го совлада Французинот Ришар Гаске со 6:4 и 6:3 во сетови.

Со овој триумф Федерер ги задржа шансите за пласман во полуфиналето, но ќе му биде потребна победа во сабота против Хуан Мартин Дел Потро.

Гаске со денешниот пораз ги загуби шансите за влез во полуфиналето.

Вечерва во вториот меч од групата од 21 часот играат Новак Ѓоковиќ и Дел Потро, двајцата тенисери кои имаат по една победа во групата.

Најчитани вести